Home » Се подготвува нов состанок меѓу Зеленски и Трамп

Се подготвува нов состанок меѓу Зеленски и Трамп

by Журнал.мк

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Г7, пренесува светските медиуми повикувајќи се на неименуван претставник од Белата куќа.

Исто така, се очекува Трамп да оствари средби со канадскиот премиер Џастин Трудо и мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.

Последната лична средба помеѓу Зеленски и Трамп се одржа во април, на погребот на папата Франциск. Тоа беше нивен прв директен контакт по бурниот состанок во Овалната соба во февруари истата година, кога жестоко се судрија околу американската помош за Украина и пристапот кон војната со Русија. Средбата во Базиликата Свети Петар траеше околу 15 минути и се одржа во приватна атмосфера.

Двајцата лидери ја опишаа комуникацијата како конструктивна и продуктивна, а Зеленски ја нарече „најдобрата досега“ меѓу нивните средби, истакнувајќи дека, и покрај краткото време, разговорот бил многу содржаен и се фокусирал на целосно и безусловно прекинување на огнот и траен мир.

Зеленски подвлече дека Трамп покажа цврст став во однос на санкциите на САД против Русија и дека разговарале за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана.

Симболиката на средбата

За време на состанокот, Трамп повика на мировни преговори помеѓу Русија и Украина, додека Зеленски инсистираше дека безусловниот прекин на огнот е неопходен прв чекор кон било каков договор. Средбата имаше особена симболика поради местото и времето – додека светот го жалеше папата Франциск, војната во Украина продолжуваше, а двете страни бараа начини за нејзино завршување.

По состанокот, Трамп јавно ја изрази сомнежноста во искреноста на Владимир Путин во однос на мирот и најави нови санкции кон Русија доколку конфликтот продолжи. Во исто време, Зеленски изрази надеж дека оваа средба може да биде историски значајна доколку донесе конкретни резултати за мирот и безбедноста на Украина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk