Home » Се подготвува крвав напад

Се подготвува крвав напад

by Журнал.мк

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вечерва потврди дека Украина добила дозвола од администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден да користи ракети со долг дострел за напади длабоко во Русија.

„Да, администрацијата на Бајден одобри употреба на оружје испорачано на Украина во радиус од 300 километри на руска територија. Ова е подобро од ништо. Не сум импресиониран од таков радиус, но тоа е одлука на администрацијата на Бајден“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

На прашањето зошто оваа одлука е донесена сега, а не пред претседателските избори во САД, Борел одговори дека не знае.

Светските медиуми, вклучително и Ројтерс и „Њујорк тајмс“, во неделата објавија дека администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден ја овластила Украина да користи ракети со долг дострел за напади длабоко во руска територија.

Бајден ја повтори поддршката на американската влада за Украина на самитот на Г-20 во Бразил, иако директно не ја спомена одлуката на Украина да ѝ се даде зелено светло за употреба на ракети со долг дострел.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk