Home » Се огласи Додик: Се прифати жалбата на Србија, нема црвена потерница на Интерпол

Се огласи Додик: Се прифати жалбата на Србија, нема црвена потерница на Интерпол

by Журнал.мк

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вечерва на социјалната мрежа X објави дека српскиот претседател Александар Вучиќ го информирал дека Дирекцијата на Интерпол ја прифатила жалбата на Србија и дека е одбиено барањето на Судот на Босна и Херцеговина за распишување црвена потерница по него и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стеванди.

Му благодарам на српскиот претседател Александар Вучиќ за поддршката и јасната и принципиелна комуникација со Интерпол“, напиша Додик.

„Би сакал да му се заблагодарам и на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и на претседателите на сите други земји кои поднесоа жалба, разбирајќи ја политичката позадина на правниот прогон на кој сум изложен“, рече Додик.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk