Home » Се огласи албанскиот амбасадор поради палењето на албанското знаме во Македонија

Се огласи албанскиот амбасадор поради палењето на албанското знаме во Македонија

by Журнал.мк

Во врска со неодамнешните инциденти со палењето и сквернавењето на албанското знаме во Северна Македонија, реагираше и амбасадорот на Албанија во Скопје, Денион Мејдани. Мејдани вели дека будно ја следат ситуацијата и дека постапуваат согласно дипломатската пракса.

„Внимателно ја следиме ситуацијата, во постојана комуникација сме со релевантните институции, целиот албански политички фактор и нашите партнери. Ве уверувам дека постапуваме во согласност со дипломатската пракса. Дипломатијата не е реално шоу, односите меѓу државите не се изградени врз емоциите на поединците, проблемите го надминуваат она што се гледа јавном смиреноста и зрелоста остануваат наши водичи“, напиша Мејдани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk