Home » Се одбележуваат 108 години од раѓањето на првиот претседател Киро Глигоров

Се одбележуваат 108 години од раѓањето на првиот претседател Киро Глигоров

by Журнал.мк

Со отворен ден на Спомен-собата на Киро Глигоров во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ и со повеќе културни активности, Општина Штип денеска го одбележува денот на раѓањето на првиот претседател на независна Македонија.

Кирил Панајотов, вработен во Општина Штип денеска за МИА изјави дека настаните се организирани од Општинскиот мултимедијален центар, кои секоја година на овој ден потсетуваат на животот и делото на Глигоров – една од најзначајните личности во поновата македонска историја.

Посетителите имаа можност да разгледаат лични предмети, фотографии и документи поврзани со животот на Глигоров, а преку мултимедијални содржини да се запознаат подетално со неговиот придонес во историјата на македонската државност.

– Општина Штип и општинскиот Mултимедијален центар по повод роденденот на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров редовно организира отворен ден на Спомен-собата, меѓутоа и други придружни активности, кои што на некој начин се должна почит за одбележувањето на денот на раѓањето на еден од најмаркантните историски личности и фигури на 20 век за Македонија, но и пошироко. Годинава исто така отпечативме и нов флаер, односно промотивен материјал, кој го добиваат посетителите редовно кои доаѓаат и го посетуваат овој центар, изјави Панајотов.

Тој посочи дека Спомен-собата на Киро Глигоров беше отворена благодарение на семејството Глигорови.

-Центарот со одлука на Советот на Општина Штип во 2017 година го доби името на првиот претседател, а следната година, практично во 2018, благодарение на семејството Глигорови се отвори Спомен-собата, вели Панајотов.

Првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров секогаш порачуваше „Македонија е се што имаме“. Киро Глигоров е роден во 1917 во Штип, а почина на 1 јануари 2012 година во Скопје. Глигоров беше претседател на Република Македонија од 27 јануари 1991 до 19 ноември 1999 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk