Home » Се очекува ова да бидат министрите од ВРЕДИ во Владата на Мицкоски

Се очекува ова да бидат министрите од ВРЕДИ во Владата на Мицкоски

by Журнал.мк

Додека траат преговорите за нова влада, ТВ21 дојде до имињата кои би можеле да бидат нови министри во Владата која ќе биде предводена од Христијан Мицкоски.

Новиот состав би требало да биде познат до крајот на оваа недела, откако Мицкоски ќе го добие мандатот од претседателката Гордана Силјановска.

ТВ21 дознава дека министер за екологија ќе биде Изет Меџити, додека Арбен Таравари ќе раководи со секторот здравство. Бесарт Дурмиши ќе биде нов министер за економија.

Фатмир Лимани се очекува да биде новиот министер за социјална политика, додека Адмирим Алити министер без ресор, задолжен за Евроинтеграции. Бујаре Абази, пак, ќе биде министерка без ресор задолжена за добро владеење.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More