13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Најчитани вести

Денеска ќе се знае дали основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ќе биде екстрадиран во САД, кога се очекува одлуката на британската судијка Ванеса Барејцер.

Доколку биде екстрадиран, а потоа прогласен за виновен за шпионажа, Асанж може да оди во затвор од 30 до 40 години, велат неговите адвокати, иако обвинителите велат дека тој ќе добие не повеќе од 63 месеци затвор.

Сепак, случајот може да се одолговлекува на неодредено време, бидејќи страната што губи ќе се жали.

Постои можност и новоизбраниот американски претседател Џо Бајден да ја поништи одлуката за гонење на Асанж.

Лондонската полиција го уапси Асанж во април 2019 година во еквадорската Амбасада откако ја прекрши наредбата да се појави пред британскиот суд во врска со барањето на Шведска за негова екстрадиција.

Судот го осуди Асанж на 50 недели затвор во мај 2019 година за кршење на кауцијата поврзана со наводите на Шведска против него за сексуално вознемирување, кои подоцна беа отфрлени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести