Home » Се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата

Се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата

by Журнал.мк

Македонската Влада донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.

„Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи“ соопштија попладнево од Владата.

Во соопштението меѓудругото се вели дека „денеска донесената владина Одлука за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата, нема да предизвика дополнителни финансиски импликации на Буџетот на државата“.

„Станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица од страна на Владата согласно Законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/24), којшто предвидува промена на коефициентите по коишто се пресметува платата на избраните и именуваните лица“ посочуваат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More