23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Се намалува бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава

Најчитани вести

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава се намалува. Вчера нивниот вкупен број изнесуваше 16704 од кои 10231 се во Скопје, а завчера – 16964 од кои 10322 од Скопје.

Според податоците на Министерството за здравство за изминатите 24 часа, регистрирани се нови 166 случаи со Ковид-19, починати се 10 пациенти, а оздравени се 416 пациенти.

На инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 883 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 379 се во Скопје. Има околу 450 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројот на оздравени пациенти е 66209, а на починати е 2581.

Мерките за заштита од Ковид-19 кои опфаќаат носење маска, држење дистанца и избегнување групирање и натаму се задолжителни. Според вчерашните податоци на МВР, 390 лица се казнети поради неносење заштитна маска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести