Home » Се намалува бројот на заболени од грип, во сезоната регистрирани 13 починати лица

Се намалува бројот на заболени од грип, во сезоната регистрирани 13 починати лица

by Журнал.мк

Бројот на заболени од сезонски грип полека опаѓа. Минатата недела биле пријавени 641 случај што е за 21,8 отсто помалку во однос со претходната недела, покажуваат податоците од најновиот неделн извештај на Институтот за јавно здравје.

Во споредба, пак со истиот период минатата година, бројот на пријавени лица е намален за 3,9 отсто. Најголем број на пријавени случаи имало во Кавадарци 146.

Во останатите градови бројот на пријавени случаи, како што се наведува во извештајот, е помал или еднаков на 100. Од сите случаи во овој период, според возраста, најмногу пријавени, односно 396, биле од 15 до 64 години.

На возраст од пет до 14 години биле пријавени 135 случаи, а 68 се деца под четири години. Минатата недела биле регистрирани и два смртни случаи асоцирани со грип. Едно лице било од Скопје на возраст од 39 години, а другото е 66-годишен велешанец. Двете лица биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More