Со оглед на тоа што во секоја населба изминативе денови се евидентирани преполни контејнери, градоначалниците на општините во Скопје, со своите локални јавни претпријатија одлучија да се фатат за работа.
Па така, во Кисела Вода, се расчистува булеварот „Борис Трајковски“.
„Во голема организирана акција го расчистуваме булеварот ,,Борис Трајковски”
Денес, заедно со нашите сезонски работници се вклучивме во голема акција за расчистување на булеварот ,,Борис Трајковски”.
На ова му претходи фактот што до нас секојдневно стигнуваа и сѐ уште пристигнуваат поплаки од граѓаните кои секојдневно го поминуваат овој дел од градот, се жалат на хигиената и одржувањето на булеварот.
Огромни нараснати тревни површини, смет и песок, беше она кое го затекнавме на терен и е постојана грда глетка.
Покрај тоа, претставуваше и опасност по безбедноста на овој прометен булевар.
Станува збор за делница која ја користат над 100.000 жители, односно не само граѓаните на Драчево туку и од Студеничани, Батинци, Зелениково и Долно Лисиче.
Ние не можевме да останеме глуви на барањата на граѓаните и се впуштивме во акција.
Ваквите и слични акции ќе продолжат и во иднина, а силно верувам дека понатаму со поголема поддршка од надлежните претпријатија.
Истовремено, упатувам апел до сите учесници во сообраќајот да бидат поодговорни и да не фрлаат отпадоци долж велосипедската патека“, напиша Орце Георгиевски на фејсбук.