Home » Се чека Владата дали ќе ја прифати препораката за забрана за невакцинирани деца во градинка

Се чека Владата дали ќе ја прифати препораката за забрана за невакцинирани деца во градинка

by Журнал.мк

Здравствениот инспекторат ќе започне со вонредни контроли во детските градинки. Министерот за здравство ги прифати препораките на Комисијата за заштита од заразни болести кои препорачаа забрана за прием на невакцинирани деца и ќе му наложи на инспекторатот да врши увид во вакциналниот статус на децата.

„Министерот Демири, ќе донесе одлука со која на Државниот здравствен инспекторат ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предивидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица. Министерството за здравство апелира до родителите дека најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, затоа треба да ги вакцинираат своите деца“, е ставо на Министерството за здравство.

Од инспекторатот потсетуваат дека за родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца следува парична казна од 300 до 650 евра.

„Редовно како ни ги испраќаат од вакциналните пунктови списоците на родители и со име и презиме на децата ги повикнуваме родителите на порамнување и ги казнуваме. Поважно прашање е како завршуваат. Дел од родителите ја плаќаат казната, но со тоа не ги решаваме проблемите, бидејќи децата остануваат невакцинирани, од друга страна има родители кои не сакаат да ја платата казната и завршуваат на суд, кадешто судот им дава опомена и плаќаат судски трошоци“, вели Рената Младеновска, директорка на ДЗСИ.

Од Комисијата за заштита од заразни болести велат дека причината поради која ја дале препораката за дополнителна контрола во градинките е да се види дали досегашната мерка за забрана на невакцинирани деца се применува. Потсетуваат дека станува збор за заразно заболување кое е најопасно токму за најмалите деца.

„Сите кои не се вакцинирани не би требало да бидат примени согласно препораката затоа што пред се најголемата закана е за нивното здравје односно по здравјето на децата коишто не се вакцинирани и од тие причини на тој начин преку ограничување на движењето каде што има близок контакт и долг престој на деца е еден од пропратните механизми, покрај вакцинацијата со кој може да се спречи ширењето на болеста, иако вакцинацијата е најефикасниот начин за да го видиме крајот на оваа епидемија“, вели д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заштита од заразни болести.

Во меѓувреме и еден месец откако беше прогласена епидемија на голема кашлица, бројките на новозаразени продолжуваат да растат. Скопје вчера регистрираше рекорден број на случаи со пертусис за едно деноноќие, 14 новозаразени. Меѓу нив има од сите возрасти, деветмесечно бебе, возрасен од 43 години како и деца кои одат во градинка и училиште.

На 15 ти март се очекува да пристигнат и дози за вакцинација против пертусис наменети за возрасни. Овие дози се препорачуваат за лица кои што се во околина на деца коишто имаат индикација дека не може да примат вакцина како и за вработени во градиниките и родилиштата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk