Home » Се чека датум за лидерска за техничката влада

Се чека датум за лидерска за техничката влада

by Журнал

Она што е извесно е дека на таа средба нема да се разговара за техничките министри, туку за останатите изборни прашања, најави премиерот. Тој вели дека кадрите ги очекуваат да бидат доставени до Влада, па потоа до Собранието на гласање. Од СДСМ велат дека е добро што ВМРО-ДПМНЕ ќе делегира опозиционери во „пржинската“ влада, со оценка дека само тој период имале шанса да се на власт.

-Еднаш кажуваат дека нема да учествуваат, го спореа и Талат Џафери како премиер на техничката Влада, кажуваа дека немало потреба од техничка Влада за сега да слушнеме дека ќе бидат дел од техничката Влада. Морам да кажам дека добро е тоа, добро е што прифатија да ја испочитуваат законската обврска но и улогата и обврската што ја имаат како опозиција. Овие 100 дена на ДПМНЕ во техничката Влада ќе бидат единствената можност да бидат на власт и добро е да им ја даваме оваа можност на секои 4 години,- Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ.

Двајцата министри и тројцата дополнителни заменици во „Пржинската“ влада ќе ги предлага лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, откако ИК синоќа му даде овластување, а според најавите ќе бидат официјализирани по Водици.

Неофицијално за технички министер во МВР по вторпат ќе биде предложен Наќе Чулев, додека пак за министерка за труд и социјална политика се споменува името на пратеничката Дафина Стојаноска. Од дополнителните заменик министерски места кои ги добива опозицијата најизвесен предлог е Цветан Трипуновски во земјоделство како и минатиот пат, додека пак за финансии веројатно партиската потпретседателка Гордана Димитриевска Кочовска.

За позицијата во информатичко општество и јавна администрација, пак, според информациите од партијата има повеќе кандидати.

СДСМ пак пред Нова Година ги утврди нивните кандидатите, а покрај актуелните функционери, ќе биде назначен и досегашниот шеф на кабинетот на Спасовски, Митко Бојмацалиев за дополнителен заменик министер во МВР.

Според агендата на парламентот, во периодот од 22 до 28 Јануари на пленарни седници ќе се гласа техничката влада и ќе се бира новиот собраниски спикер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More