Home » Сеќавање на Андре Леон Тали

Сеќавање на Андре Леон Тали

by Журнал.мк

Чекајте прво да научиме што е „editor-at-large“:

Editor-at-large е новинар што придонесува со содржини за некоја публикација. Се вика уште и roving reporter или roving editor. За разлика од само едитор, што работи секојдневно и има влијание на содржината, ЕАЛ придонесува на полу-редовна основа и помалку се меша во правецот на магазинот, просторот на текстот и фотографиите.

Терминот често се користи во модни списанија, обично за назив за долгорочни уредници или славни личности. Важни имиња се Андре Леон Тали од Вог и Ана Дело Русо од Вог Јапонија.

Во прослава на излегувањето на неговите мемоари во 2020, тогаш Видеофешн спреми видео за неговата кариера и го претстави како „човек што беше со децении во првите борбени редови на индустријата,“ кој себеси се опишува како „кумот“ на најголемите таленти во модата. Во интервјуто од архивски снимки, се отвора за работата и пасијата, нè шета по плакарот, плус за него зборуваат Линда Еванџелиста, Ана Винтур и Маноло Бланик:

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk