25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

СДСМ започнува постапка за првите непосредни внатрепартиски избори

Најчитани вести

На денешната 18. седница на Централниот одбор на СДСМ, која што се одржа онлајн заради мерките за заштита на здравјето, се донесоа повеќе одлуки со кои партијата дополнително се демократизира и подобрува за уште подобро да им служи на граѓаните, соопшти партијата.

Оваа година, претседател на партијата ќе се избира на непосредни избори, со можност за одлучување, гласање на секој член.Во оваа насока започнува постапка за ажурирање на базата на податоци и регистрација на членовите на СДСМ.Целиот процес ќе се води од најмалите организациони единици на СДСМ, од Месните организации, па се до најголемите единици и највисоките партиски органи, преку транспарентна постапка.

На оваа седница, Централниот одбор на СДСМ донесе Кодекс за однесување на членовите и функционерите на СДСМ. Врз основа на компаративни и внатрепартиски анализи, со помош на американскиот меѓународен институти ИРИ, усвоен е Кодекс со кој се воведуваат највисоките начела и стандарди за однесување на членовите на СДСМ, особено за носителите на јавни функции.

„Како одговорна партија даваме конкретен придонес, преку одговорен мерит систем, за почитување на нормите и владеењето на правото, како и стандардите за етичко, одговорно, отчетно, професионално и транспратентно однесување и работење.Во обраќањето пред членовите на Централниот одбор претседателот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека СДСМ, како владејачка партија, годината ја започнува со нова енергија, подготвен за сите предизвици со кои е соочена државата“, се додава во соопштението.

„Во новата година влегуваме со нова енергија, подготвени за сите предизвици. Конечно да ставиме крај на пандемијата со коронавирусот. Вакцинирањето е операција од врвен приоритет и јавен интерес, обезбедени се потребни количини на вакцини за граѓаните, а институциите се подготвени да го реализираат во целост. Покажавме дека можеме да одговориме на најсилните предизвици кои ги донесе минатата година, да го заштитиме јавното здравје, економијата, да ги спасиме работните места, да им помогнеме на граѓаните. Оваа година ќе биде година и на целосен рестарт на економијата, нови економски потенцијали, мерки и политики за враќање на стапките на раст и развој како и зголемување на продуктивноста. Преку стратешката Акција 21 европските стандарди ги носиме дома а спремни сме и за реализација на пописот согласно сите европски критериуми“, рече Заев.

Претседателот на партијата додаде дека СДСМ е фаворит на сите анкети и во водство пред политичкиот противник, што потврдува дека граѓаните ги препознаваат државничките политики на СДСМ.

„Во оваа насока, дополнителната демократизација на партијата, со тоа што овозможуваме секој наш член да гласа на овогодинешните внатрепартиски избори е нов квалитет, нова вредност за СДСМ. За прв пат во нашата држава ќе се случува внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател и тоа ќе го направи СДСМ, како што личи. Секој наш член ќе може да избира. Додаваме нова демократска вредност во партијата, во политичкиот живот и се надевам овој пионерски чекор ќе охрабри и други партии да не следат“, рече Заев.

На оваа онлајн седница Централниот одбор донесе одлука и за формирање на Форум на пензионери на СДСМ, а усвои и Правилник за организација и начин на функционирање на овој Форум.На овој начин СДСМ ги мотивира највозрасните членови да ги искористистат нивните капацитети и искуство во градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите и на сите граѓани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести