Home » СДСМ: Запалени автомобили на инспектори, началници, полицајци – вчера изгореа четири возила, сторителите не се познати

СДСМ: Запалени автомобили на инспектори, началници, полицајци – вчера изгореа четири возила, сторителите не се познати

by Журнал.мк

Дури седум возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа, реагираат од СДСМ и додаваат дека неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена.

„Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема. Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства. Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див Запад. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи“, се вели во реакцијата на СДСМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk