Home » СДСМ: Врв на деструкција, ВМРО-ДПМНЕ блокира Закон за поголеми плати за наставниците

СДСМ: Врв на деструкција, ВМРО-ДПМНЕ блокира Закон за поголеми плати за наставниците

by Журнал.мк

ВМРО-ДПМНЕ го достигна врвот на деструкција со блокирањето на законот за поголеми плати на 27.000 наставници кој очигледно не го прочитале, пишува во соопштението Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Ако се грижеа за наставниците, ВМРО-ДПМНЕ ќе знаеја дека со членот 21 од предлогот со измена на членот 66 од стариот Закон и додавање на нови членови, комплетно се дефинира платата која се состои од основна компонента и исклучителна компонента изразени преку бодови.

Согласно членот 66-г, на наставникот кој реализира настава според наставен план и програма, му се исплаќа плата во висина на плата за 40 часовно работно време во неделата, доколку има неделен фонд од најмалку 10 наставни часа.

ВМРО-ДПМНЕ не сака да се соочи со фактот дека со растот на минималната плата ќе расте и платата на наставниците и стручните соработници во основно и средно образование.

Во член 66-ж од Законот наведено е дека министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба со којашто се утврдува износот на вредноста на бодот за пресметување на платите, во рамки на предвидениот буџет и врз основа на вкупните даватели на јавни услуги.

Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставниците се усогласува и со растот на минималната плата утврдена според закон.

Наместо да блокираат, демантираат, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нека го прочитаат законот и да престанат да ја лажат јавноста“, се наведува во соопштението на СДСМ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More