Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023 година е зголемена за 4, 4 проценти, трошоците на живот се зголемиле за 3,5 отсто, а цените на мало за близу 4 проценти.
Со ДПМНЕ на власт животниот стандард на граѓаните се намалува, власта се грижи за елитата и за нивните бизнис партнери а народот е оставен сам на себе.
Дури и последните најави од власта за некакви контроли за наводно намалување на цените во маркетите се покажуваат како уште една голема лага.
Зејтинот е се уште со поскапената цена и се движи од 89 до 96 денари а во некои маркети иако се продаваше за 82 денари пред 2 месеци.
Јајцата се повторно околу 100 денари, а чинеа 75 денари.
Шекерот, кашкавалот, се со поскапени цени, но исто така и леќата (169 денари), гравот (143 денари), оризот (135 денари) грашакот.
Кај оние производи кои имаат иста цена пак забележано е намалување на грамажата.
Ова е суровата реалност која секојденевно ја гледаат граѓаните во продавниците, додека се мачат како да врзат крај со крај, како да го поминат месецот, што ќе имаат на масата семејствата за јадење.