Home » СДСМ: Стари кадри на Мицкоски за носители, ДПМНЕ не може да донесе промена

СДСМ: Стари кадри на Мицкоски за носители, ДПМНЕ не може да донесе промена

by Журнал.мк

„ДПМНЕ уште еднаш потврди дека не може да донесе никаква промена. По Гордана Силјановска Давкова, како кандидат на ДПМНЕ за претседател на државата, која на минатите изборите загуби од Пендаровски, ДПМНЕ излегува со проверени кадри на режимот на Груевски, како Николоски, Мисајлоски, Ковачки, за носители на листите. Се потврди дека ДПМНЕ нема ни кадровска, ни програмска понуда“ реагираат од владејачката СДСМ.

Оттаму велат дека „со стари кадри на Мицкоски како носители на листите, ДПМНЕ на граѓаните им нуди враќање назад во минатото, во изолација, далеку од членство во ЕУ и напредок“.

„Граѓаните сакаат јасна визија за иднината, визија која носи надеж, напредок, развој и европски животен стандард. Затоа на претстојните избори ќе ја дадат својата поддршка за СДСМ, бидејќи сакаат Македонија да биде рамноправна просперитетна членка на ЕУ, а не изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре” – велат од СДСМ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More