Home » СДСМ: Срамно, ВМРО-ДПМНЕ со насилство во собраниска комисија спречува поголеми плати за наставниците

СДСМ: Срамно, ВМРО-ДПМНЕ со насилство во собраниска комисија спречува поголеми плати за наставниците

by Журнал.мк

На седницата на Комисијата за образование наука и спорт кулминираше деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од СДСМ.

Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска, додаваат од партијата на власт, се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат ниту да почне расправата за овие измени, а не пак тие да бидат донесени. Срамно, ниско и безобразно е денешното однесување на пратениците од редовите на ВМРО-ДПНМЕ“, е потенцирано во реакцијата од оваа партија.

Од СДСМ појаснуваат дека со овие измени над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4.700 од нив ќе добијат трајно вработување.

„Тоа ВМРО-ДПМНЕ го блокира цела година, го блокираше и денеска со попречување на работата, со викање и закани, деградирајќи го Собранието. Ете колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за наставниците, денеска на виделина уште еднаш излезе нивното лицемерие, нивната насилничка матрица и деструктивно дејствување. Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против наставниците во основното и средното образование, па не бира средства да го спречи покачувањето на нивните плати? На ВМРО-ДПМНЕ не им се важни ниту граѓаните, ниту им е важно образованието, важни им се само личните и партиски интереси“, е истакнато во писмената реакција од владејачката партија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More