Home » СДСМ: Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред

СДСМ: Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред

by Журнал.мк

Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред на законите за реорганизација и зголемување на бројот на министерства, рече Оливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ на денешната седница во Собранието.

-Сакам да го изразам ставот на пратеничката група на СДСМ, дека системски закон да се носи по скратена постапка, не е дозволено, посебно закон којшто уредува зголемување на бројот на министерствата и агенции и нема ниту проценка на влијание на регулативата. Не навлегувам во аргументите, предлогот, легитимноста, ама тука апсолутно станува збор за сложен и обемен закон кој е спротивен на деловникот на којшто се однесува и ние гласаме за симнување на оваа точка од дневниот ред, рече Спасовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More