Home » СДСМ се пука по шавови, кој ќе го наследи Димитар Ковачевски?!

СДСМ се пука по шавови, кој ќе го наследи Димитар Ковачевски?!

by Журнал.мк

Филипче, Спасовски, Деспотовски, Петровска, Богоев, или ќе се врати Заев? Кој ќе го замени Димитар Ковачевски на претседателското столче во СДСМ ќе се одлучи идниот период.

По историскиот пораз кој социјалдемократите го доживеаа на 8 мај, екс премиерот се повлече од претседателската функција во СДСМ и побара тоа да го направи целото партиско раководство. Според него, партијата ќе морала да ги согледа грешките од минатите седум години, но и да се реформира – а тоа можеле да го направат само луѓе кои немаат никаков багаж.

Дали тоа се овие петмина чии имиња постојано кружат во јавноста како претенденти за таа позиција?

Поранешниот министер за здравство, кој има блиски релации со екс премиерот Зоран Заев, подолго време се споменува како иден лидер на социјалдемократите. Оливер Спасовски, кој го спремаа за кандидат за претседател на Македонија, се шпекулира дека имал амбиции да застане на чело на партијата. Од друга страна пак, дека амбиции има и Јован Деспотовски, покажуваат и неговите јавни критики кон Ковачевски – тој веднаш по изборите повика што поскоро да се одржи Конгрес за промена на лидерот на партијата, а денеска повторно реагираше дека оставката на Ковачевски била задоцнет но правилен чекор. Министерката за одбрана Петровска и директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, веќе јавно ги искажаа своите амбиции за оваа позиција. Враќањето на Зоран Заев кој поднесе оставка по поразот на локалните избори, се шпекулира веќе подолго време.

Но не се решава се, само со оставка. Потребен е ремонт.

Првиот чекор во консолидацијата на СДСМ мора да биде обновување на идеолошката и вредносна матрица. Aналитичарите се децидни дека СДСМ требаше да ја научи лекцијата од локалните избори во 2021 година, бидејќи проблемите во партијата не се решаваат само со промена на лидер, туку со вистински здружување и окрупнување на социјалдемократските вредности.

Тие требаше да се реформираат по 2021, со цел да ја зачуваат партијата, веројатно не сакаа да го чујат тој глас, освен што замина тогашниот претседател Заев а дојде Ковачевски и не го промени курсот. Најважно е здружување и окрупнување на членството преку изнаоѓање соработка со вистинските социјалдемократски вредности, но и прочистување на сите оние кои придонесоа за оваа ситуација – вели аналитичарот Синиша Пекевски.

По исходот од изборите, оставки од партиските функции во СДСМ поднесоа четворица потрептседатели – Фатмир Битиќи, Јована Тренчевска,Перо Костадинов, Сања Лукаревска и генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More