Home » СДСМ против Законот за локална самоуправа: власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

СДСМ против Законот за локална самоуправа: власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

by Журнал.мк

СДСМ и коалицијата го искажа својот став за овој Закон за локална самоуправа во македонското Собрание, со гласање против потребата од носење на законот по скратена постапка, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во одговор на новинарско прашање.

-Ние сме против носењето на ова законско решение. Сметаме дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи на функционирањето и на поделбата на власта во државата. Носењето на вакво законско решение, е спротивно на уставните начела со кои граѓаните ги носат одлуките за локалната власт исто како и за локалната власт. Носење на вакво законско решение, без одлука на граѓаните, ќе може да се врши промена на градоначалници во одредени општини и на тој начин им се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Од овој аспект сосема исправно е да кажеме јасно и гласно пред јавноста дека ваков закон нема да добие поддршка од СДСМ и од коалицијата, рече Спасовски.

Кога станува збор за избори, последниот збор мора да го имаат граѓаните, додаде Спасовски.

-Ќе се соочиме со состојба во којашто веднаш после одржување на локални избори, повторно ќе се создава пракса да може од било која причина на некој од градоначалниците да му престане функцијата и без при тоа да одлучуваат граѓаните, до крајот на мандатот да раководи некој што е одреден за заменик градоначалник, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk