Home » СДСМ: Потпишани важни договори и меморандуми со Бугарија кои носат придобивки за граѓаните

СДСМ: Потпишани важни договори и меморандуми со Бугарија кои носат придобивки за граѓаните

by Журнал.мк

Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија отворија ново поглавје во билатералните односи. Потврда за тоа е успешната меѓувладина седница на која беа формирани пет работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти од интерес на граѓаните на двете држави, потенцираат од СДСМ.

Додаваат дека двете влади и надлежните министерства ќе соработуваат во областа на инфраструктурата, земјоделството, аграрните науки, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превоз на стоки, намалување на цената на роамингот, а посебен фокус ќе се стави на железничкото поврзување и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8.

Ова, како што објаснуваат од партијата на власт, е сериозен исчекор во унапредување на односите меѓу двете земји кој носи придобивки за двете земји.

„Владата предводена од СДСМ во следниот период ќе се посвети на зајакнување на соработката на Северна Македонија и Бугарија преку културни, образовни и младински размени, инфраструктура, мобилност, дигитализација, брз проток на информации. Со ваквиот пристап, низ дијалог и соработка не само што ќе се продлабочи соработката, туку и ќе се најде заедничко прифатливо решение за отворените прашања. Убедени сме дека во духот на европските вредности, зачувувајќи го нашето достоинство ќе најдеме решение за отворените прашања со што ќе се надминат пречките за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ“, велат од СДСМ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More