Home » СДСМ ПОБАРА БРЗА ИСТРАГА Партијата ги повика институциите да реагираат за случајот „Адитив“

СДСМ ПОБАРА БРЗА ИСТРАГА Партијата ги повика институциите да реагираат за случајот „Адитив“

by Журнал.мк

Опозициската СДСМ изрази силна поддршка за секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби на јавните ресурси и потенцијалната корупција. Во соопштениеот на партијата, се истакнува дека одговорноста и транспарентноста се основни принципи кои ја градат довербата на граѓаните во институциите и дека никој не смее да биде над законот.

„Бараме од институциите брза, транспарентна и темелна истрага која ќе ја утврди вистината. Доколку постои вина, истата треба да се санкционира во согласност со законите“, велат од СДСМ.

Партијата ги повика Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и сите релевантни институции да постапуваат професионално и без селективност, истовремено нагласувајќи дека борбата против корупцијата и изградбата на институции кои работат во интерес на граѓаните остануваат во фокусот на нивната политика.

Инаку во рамки на операцијата „Адитив“, која е насочена кон откривање на злоупотреби во ЕСМ и Пошта на Северна Македонија, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција спроведе 77 претреси во неколку градови: Битола, Неготино, Велес, Кичево и Скопје.

Обвинителството соопшти дека биле одземени 208.000 евра, 30 мобилни телефони, УСБ стикови, компјутери, лаптопи и патничко моторно возило БМВ од понов датум.

Покрај претресите, обвинителството побара притвор за 9 лица, додека за 13 лица се бараат мерки за обезбедување присуство, а за петмина е замрзнат имотот. Според обвинителите, имотот е замрзнат за да се спречи можноста за негово отуѓување или прикривање.

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е во бегство, а за осум други од групата судија на претходна постапка денеска им одреди притвор. Еден осомничен оди во куќен притвор, а за останатите определени се мерки на претпазливост со одземање на патната исправа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk