Home » СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, Тошковски да си даде оставка

СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, Тошковски да си даде оставка

by Журнал.мк

За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, медиумите пренесуваат дека едно лице е убиено утрово на паркингот кај Мавровка, а во синоќешното пукање во Сингелиќ има повредени.

Граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите.

За потсетување, во мандатот на Тошковски имаше три убиства и три обиди за убиства а разрешница имаше само за еден случај. Неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад.

Криминалните банди буквално хараат, криминалците бегаат од затворите кои се како хотел Промаја, а граѓаните стравуваат за својата безбедност.

Нема скандал во изминатите 3 месеци а да не е поврзан со Тошковски и МВР.

Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More