Home » СДСМ: Нов ден, ново погазување на ветувањата: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект

СДСМ: Нов ден, ново погазување на ветувањата: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект

by Журнал.мк

Секој ден ВМРО-ДПМНЕ си погазува по едно ветување и ретерира од своите позиции. Најновата вест е дека пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно.

Нема никаква измена во планот за градба и ова е практично уште едно признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ освен што се фали со проектите на СДСМ и си ги погазува сите ветувања засега нема реализирано ништо значајно или ново за граѓаните.

Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се што сакале е само да бидат СДСМ и да може да се пофалат дека нешто важно сработеле за земјата бидејќи засега немаат ниеден свој проекти ниту автентична политика.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk