Home » СДСМ: Неспособноста на Тошковски далеку се слуша

СДСМ: Неспособноста на Тошковски далеку се слуша

by Журнал.мк

„Криминалните пресметки во Скопје станаа регионална тема, за настанот со фрлената бомба во Керамидница информации објавуваат српските и хрватските медиуми. Негативните вести за криминалните банди во Македонија и за неспособноста на Тошковски далеку одекна и надалеку се слуша. Загрижува нарушената безбедност на граѓаните откако Тошковски е на чело на МВР“ соопштуваат од опозициската СДСМ.

„Како да сме Див Запад, крвавите пресметки на криминалните банди станаа секојдневие на улиците. Над 25 инциденти со огнено оружје се случија, криминалното подземје не се плаши од Тошковски туку смета токму на неговата неспособност. Иако нападот со бомба во Керамидница бил најавен на Тик Ток уште на 30 септември МВР на Тошковски не презело ништо за да превенира и да го спречи и дозволи да се загрози безбедноста и сигурноста на граѓаните“ велат од партијата.

Според нив, „Тошковски што нема капацитет да ги заштити граѓаните, станува збор за најнеспособниот министер за внатрешни работи досега“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk