Home » СДСМ: Мицкоски замижа пред кршењето на законите на Гаши, толку беше од неговите ветувања за одговорност на политичарите

СДСМ: Мицкоски замижа пред кршењето на законите на Гаши, толку беше од неговите ветувања за одговорност на политичарите

by Журнал.мк

Малку требаше за Мицкоски да си ги погази своите ветувања дека секој функционер кој се огрешил ќе одговара. Тоа ќе важи изгледа само за обичните граѓани, но не и за политичарите од неговата коалиција.

Мицкоски коленичи пред Гаши и ова е жално за гледање. Ниту СДСМ ниту било кој друг не напиша јасно во полицискиот извештај дека е издадена „незаконска наредба од страна на Претседателот на Собранието“.

Треба ли поголем доказ од ова? За жалење е и министерот Тошковски кој наутро во извештајот пишува незаконска наредба од Гаши, а вечерта го брани дека немало основа за кривична одговорност.

Се што е спротивно на законот носи правна одговорност и ова е класично замижување пред правдата со цел да се спаси коалицијата. Се она за што ВМРО-ДПМНЕ го обивнуваше СДСМ, сега самото ДПМНЕ го прави во двојно поголеми размери.

Го повикуваме Мицкоски да се одважи и да го смени Гаши. Само така ќе докаже дека стои на својот збор за одговорност на политичарите, во спротивно му порачуваме да замолчи засекогаш на оваа тема.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More