Home » СДСМ: Мицкоски се мајтапи со народот – задоволен бил од 0.1% намалени цени

СДСМ: Мицкоски се мајтапи со народот – задоволен бил од 0.1% намалени цени

by Журнал.мк

Од СДСМ велат дека додека граѓаните се борат со високите цени и како да врзат крај со крај, премиерот Христијан Мицкоски си играл мајтап со народот и ја потценувал неговата интелигенција.

„Премиерот Христијан Мицкоски гордо изјави дека бил задоволен од ефектите од замрзнување на маржите односно од така наречената есенската кошничка со која цените се намалија за 0.1%.

Со скапи и луксузни часовници од 50.000 евра на неговата рака, ова големо задоволство кај Мицкоски од историскиот успех на мерка со намалување на цените од 0.1% може да биде од незнаење или од неинформираност.

Очигледно Мицкоски не оди во маркет. Па затоа не видел дека нема намалени цени, дека на одредени производи има дури и зголемување. Дека белиот леб и натаму е 33 денари, цената на зејтинот од 78 се зголеми на 87 денари, на јогуртот од 72 на 81 денар.

Или можеби не знае дека Државниот завод за статистика, математички прецизно го пресмета ефектот на мерката од којашто тој е задоволен: 0.1% намалени цени на мало во октомври.

Можеби не знае Мицкоски дека Синдикалната кошничка се намали за само 57 денари?

Граѓаните живеат тешко и мајтапењето со нивните потешкотии се нерсериони. Наместо да ја потценува интелигенцијата на народот и да си игра мајтап Мицкоски сериозно да си ја сфати улогата и да преземе нешто за високите цени.

Прво што треба да направи е да ги прифати предлозите на СДСМ за поголеми плати и укинување на ДДВ за храна“, велат од СДСМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk