Home » СДСМ: Извештајот на „Транспаренси интернешнл“ го потврдува напредокот на државата во борбата со криминалот и корупцијата

СДСМ: Извештајот на „Транспаренси интернешнл“ го потврдува напредокот на државата во борбата со криминалот и корупцијата

by Журнал.мк

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции остварија сериозен напредок во борбата со криминалот и корупцијата. Потврда за тоа е и Индексот на корупција на „Транспаренси интернешнл“ каде Македонија има напредок од 24 места, што е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години, соопшти СДСМ.

„ Се наоѓаме на 87. место со 39 индексни поени, во 2020 година бевме рангирани на 111. место со 35 индексни поени. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на ‘Транспаренси’ зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.

Во Извештајот на „Транспаренси’ јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата со корупцијата. Ова е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ пред сш успешната реализација на Планот за борба со корупцијата и реформите во правосудството“, велат од владејачката партија.

Напредокот на листата на „Транспаренси интернешнл“, според СДСМ, е дополнителен мотив да продолжи процесот на реформи преку дигитализација на процесите за исклучување на човечкиот фактор во процесите, реформа на правосудството, зголемување на професионализацијата на институциите и јакнење на интегритетот на носителите на јавните функции.

Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и институциите што ги предводи, СДСМ останува посветена на бескомпромисна и неселективна борба со секаков вид корупција и криминал, додаваат од партијата

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk