СДСМ и Филипче се синоним за лицемерие и дволичност. СДСМ и Филипче со години ја уназадуваа и уништуваа државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„На лицемерието и дволичноста на СДСМ и Филипче им нема крај. СДСМ и Филипче се обидуваат да ја политизираат и трагедијата во Кочани.
Поднесувањето на закон за настраданите од Кочани е исто како СДСМ да поднесе измени на закон за потекло на имот, Филипче за модуларната болница, а Заев за враќањето на името“, потенцираат во соопштението од владејачката партија.
Од ВНРО-ДПМНЕ деодаваат дека, СДСМ да не ја политизира трагедијата во Кочани и да не се обидува преку трагедијата да добие политички поени плус. Граѓаните ја препознаа вистината за СДСМ и нивниот начин на владеење со кој ја опустошија, испокрадоа и уназадија државата.
СДСМ се синоним за неспособност, предавства и криминал, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.