Home » СДСМ: Бомбите и криминалните пресметки станаа секојдневие, неспособноста на Тошковски ја наруши безбедноста на граѓаните

СДСМ: Бомбите и криминалните пресметки станаа секојдневие, неспособноста на Тошковски ја наруши безбедноста на граѓаните

by Журнал.мк

Фрчат екплозии од бомби, криминалните пресметки станаа секојдневие, а улиците се небезбедни. Неспособноста на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски сериозно ја наруши состојбата со безбедносна на граѓаните, реагираат од СДСМ по информацијата утринава дека експлозивна направа била фрлена во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница.

-Само во еден месец, октомври, за неполн месец, пет инциденти со пукање и огнено оружје, а над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите четири месеци. Имаше пукање од автоматско оружје во Чаир, а пред тоа пукање на Скопската обиколница, две недели претходно имаше исто така пукање во Чаир, каде што директно беше вмешан и помилуваниот наркобос, Барон. Се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица, во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка, наведуваат од СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека граѓаните стравуваат за својата безбедност, а Тошковски и ДПМНЕ немале капацитет да ги заштитат.

-Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи од Панче Тошковски, децидни се од најголемата опозициска партија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk