Home » СДСМ бара оставка од Тошковски за нарушената безбедност на улиците

СДСМ бара оставка од Тошковски за нарушената безбедност на улиците

by Журнал.мк

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Хаос владее на улиците – безбедноста на граѓаните е сериозно нарушена!

Додека Панче Тошковски се изживува врз граѓаните и поднесува кривични пријави за објави на Фејсбук, криминалните банди му праќаат порака дека тој не ја контролира безбедноста и не му се плашат.

МВР, под водство на Панче Тошковски, како никогаш досега е паднато на колена до таа мера, што вчера пред полициска станица, сред бел ден во Скопје, се случи уште една мафијашка престрелка.

Пред очите на јавноста, во двор на полициска станица се случуваат крвави пресметки со загинати и повредени.

Ова е тотален распад на безбедносниот апарат. Нешто сериозно не е во ред со институциите, со системот. А цената за неспособноста во управување со безбедносниот систем ја плаќаат граѓаните и тоа прескапо, со своите животи.

Како може да нема одговорност за никој во МВР и во полициските структури?

Дири и за најголемата трагедија во Кочани се уште нема одговорност од актуелни полициски функционери кои на денот на пожарот биле на позиции а не презеле ништо.

Безбедноста е нарушена, криминалот и насилството се шират на секој чекор, во МВР владее тотален хаос и нефункционалност а никој не презема одговорност.

Уште колку луѓе треба да загинат за Панче Тошковски конечно да понесе одговорност?

Доста беше Тошковски. Време е за оставка, време е за одговорност.

Тоа е прв чекор за враќање на безбедноста на улиците, во државата, за враќање на мирот и спокојот на граѓаните.

Потребни се промени и итни реформи во безбедносниот систем, нови мерки за зајакнување на јавната безбедност, особено во чувствителните области!

Граѓаните не заслужуваат да живеат во страв. Граѓаните заслужуваат мирен, безбеден и достоинствен живот!

СДСМ ќе продолжи гласно да се бори за враќање на безбедноста на улиците, владеење на правото и за функционални институции што работат во интерес на граѓаните!

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk