Home » СДСМ бара лидерска средба со сите парламентарни партии, Мицкоски вели – нема потреба од таква средба

СДСМ бара лидерска средба со сите парламентарни партии, Мицкоски вели – нема потреба од таква средба

by Журнал.мк

Македонското општество се наоѓа пред важен тест на зрелост и одговорност.

Настаните од изминатите денови кога се случија сериозни инциденти, со палење на државното знаме, пукање со оружје и поткопување на меѓуетничките односи сериозно ги вознемирија граѓаните, удрија по темелите на соживотот, безбедноста и сигурноста.

Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува на итно одржување на лидерска средба со сите парламентарни партии.

Потребно е заедничко делување на сите релевантни политички чинители, политичарите да покажат зрелост во овие моменти и заеднички да помогнат за стабилноста на државата.

Граѓаните треба да ја видат сликата на заедништво – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици.

Само на овој начин може да се испрати јасна порака: Македонија е и ќе остане држава на мирот, соживотот и почитувањето на различностите.

СДСМ ги повикува сите граѓани на смиреност и воздржаност. Да ги зачуваме меѓусебните односи и да продолжиме да градиме општество на доверба и разбирање.

Од сите нас зависи стабилноста и иднината на нашата заедничка татковина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk