Home » СДСМ: Арсовска нема ниту една мерка за борба против загаден воздух, а крати средства за животна средина

СДСМ: Арсовска нема ниту една мерка за борба против загаден воздух, а крати средства за животна средина

by Журнал.мк

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, нема ниту мерка, ниту еден проект за почист воздух во Скопје.

Дополнително Арсовска ги намали парите за ново зеленило, за паркови и дрвореди. За 33 проценти помалку зелени садници предвидува Арсовска во Буџетот за 2022 година.

Нема пари ниту за нови паркови, иако ги ветуваше, нема да има нови паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир.

Во услови кога скопјани дишат нечист воздух неодговорно е да се намалуваат парите за животна средина, да се намалуваат парите за зеленило, за паркови, за нови садници.

Арсовска покажува голема неспособност. Тоа не е менаџирење туку незнаење. Затоа треба да ги продолжи сите мерки и проекти кои што во изминатите 4 години дадоа резултати.

Вака Арсовска не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина.

Центар за комуникации со јавноста

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More