Home » СДСМ ќе избира нов лидер на 30 јуни

СДСМ ќе избира нов лидер на 30 јуни

by Журнал.мк

За лидерската позиција во СДСМ деновиве во јавноста веќе се спомнуваат можните кандидати. Во игра се Венко Филипче, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Јован Деспотовски, Игор Ивановски. Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница донел одлука вонредните внатрепартиски избори за претседател на партијата да се одржат на 30 јуни, по повлекувањето од функцијата на претседателот Димитар Ковачевски.

„Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација. На седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија“, информираат од СДСМ.

По поразот на двојните претседателски и парламентарни избори што се одржаа на 8 мај, првиот човек на СДСМ Димитар Ковачевски најави целосна реформа на партијата и избор на нов партиски лидер и раководство.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More