Home » СДСМ ја започна кампањата од Скопје – „Нема откажување од иднината“ е изборното мото

СДСМ ја започна кампањата од Скопје – „Нема откажување од иднината“ е изборното мото

by Журнал.мк

Барајќи ја довербата на граѓаните на првиот ден од кампањата за парламентарните избори, претседателот на СДСМ и носител на првата изборна единица Димитар Ковачевски призна дека во изминатиот период во власта имале грешки, но дека во следниот мандат ќе ги поправат. Ветувајќи повисоки плати, пензии, субвенции, поголеми вработувањата, тој истакна дека иднината на државата е она за што ќе зборуваат во текот на кампањата. Убеден сум дека ќе ставиме печат на големам победа и успех за европска Македонија, рече Ковачевски. Мотото на Социјалдемократите на овие избори е „Нема откажување од иднината“ посочувајќи не само на домашниот просперитет туку и зачленувањето на земјава во Европската унија до 2030 година.

„Нашиот главен фокус останува членството во Европската унија. Нашиот поглед е насочен кон Европската унија, бидејќи тоа е единствениот пат за подобра иднина на нашите семејства. Нема друга алтернатива за да изградиме држава каква што посакуваме. СДСМ покажа дека има храброст да носи тешки но важни и неопходни одлуки. Македонија стана дел од НАТО што е успех и гаранција за сигурноста и стабилноста на државата. Времето покажа дека не се остварија лажните и нерационалните заплашувања дека ќе го изгубиме нашиот јазик и идентитет“, рече Ковачевски.

Покрај Ковачевски,на друга локација почетокот на кампањата ја означија и носителите на втората изборна единица Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи. Спасовски во своето обраќање покрај другото ја критикуваше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More