Schaeffler ја тестира Steer-by-Wire технологијата на тркачка патека

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Schaeffler Paravan го опреми Audi R8 LMS GT3 со технологијата на управување преку сигнали со што го направи првото тркачко возило со Space Drive

На 24 Hours Nürburgring, Schaeffler Paravan Technologie GmbH & Co. KG го покажа првото тркачко возило со технологијата на управување преку сигнали, кое треба да биде одобрено од DMSB (German Motor Sport Federation). Возачот на тркачки автомобили Rahel Frey ја извози “North Loop” во Audi R8 LMS GT3 кој нема систем со управувачка летва. Audi R8 LMS GT3 со Space Drive управување преку сигнали и со повратна врска за силата, нема никаква механичка врска помеѓу запчестата летва и запчаникот од системот за управување. Командите за управување се пренесуваат со помош на електрични сигнали.

Технологијата дизајнирана со тројна редундантност е важна и клучна за автономно возење и основен предуслов за создавање на нови концепти за внатрешноста на возилото. „Моторната трка е идеална средина за тестирање за тековниот развој на целиот систем за управување преку сигнали (drive-by/steer-by-wire) заснован на Space Drive.

Овие технологии ќе бидат целосно неопходни за иднината на автономното возење.“- вели инженерот проф. д-р Peter Gutzmer, заменик извршен директор и главен технолошки менаџер на Schaeffler AG. Во иднина Audi R8 LMS GT3 со управување преку сигнали ќе заземе место во DMV GTC (Gran Turismo Touring Car Cup).

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.