Официјално Саво Милошевиќ е новиот шеф на стручниот штаб на српскиот фудбалски клуб Партизан.
Милошевиќ беше играч на Партизан во периодот од 1992 до 1995 година, кога се пресели во Астон Вила.
Тој се врати во Хумска на 27 март 2019 година како тренер, за да замине во септември 2020 година.
Промоцијата на новиот шеф на стручниот штаб ќе се одржи во понеделник на 30 септември.
– На Александар Станојевиќ му посакуваме многу среќа во понатамошната работа и приватен живот, со благодарност за сè што е направено во претходните години – објавија од клубот.