Саша Поповиќ неодамна доживеа несреќа по која заврши со ногата во гипс.
Оттука, Поповиќ не може да вози автомобил на кој, патем речено, тој е голем обожавател.
– Овие две патерици се подобри од било кое „ферари“ или „мерцедес“ – откри Саша, па додаде:
– Секогаш возев добри коли, на пример, се сеќавам во стара Југославија, имајте предвид, зборуваме за стара Југославија, дваесет и нешто милиони жители, јас бев првиот што купив „мерцедес 190 Е“ кога Германците пуштија тоа. Јас го имав за првпат во Југославија.
-Кога излезе 124-ката јас прв купив Е класа, исто во Југославија, кон крајот на осумдесетите Брена уште ја возеше во филмот „Ајде да сакаме. “, „Тојота Супра турбо“, секогаш возев добри автомобили – се присети Поповиќ за „Премиера викенд специјал“, а потоа низ смеа се наврати на моментот кога немаше ниту за основни потреби.
Поповиќ имаше големи финансиски проблеми во деведесетите, кога немаше ни денар по Мерцедесот ни за фиќо.
– Знаеш дека го имав тој проблем со Дафина и така натаму, па одев со автобус четири години. Неверојатно е, но, имајте предвид, никој не ме праша тогаш: „Гледај, да го сожалиме, да го земеме, оди со автобус“ – се пошегува тој во една прлика.
Инаку, засега здравствената состојба на Поповиќ не е позната, освен дека е на рехабилитација.