Три познати музички имиња вечерва (сабота) ќе одржат големи концерти во Скопје, на различни локации.
Од домашната естрада, вечерва во Арена Борис Трајковски со почеток од 21 часот, голем солистички концерт ќе одржи Калиопи. Зад нејзиниот концерт стои Прагма проудукција, а цените на влезниците се од 600 денари, па се до 11.000 денари за пакет од четири влезници и шише алкохолен пијалок.
Јелена Карлеуша пак, ќе го започне својот концерт кој е најава за нејзината регионална турнеја ,,Алфа и Омега” во 20 часот, во Арена Јане Сандански.
Настанот е во организација на Евент груп продукција, а билетите се од 1.000 денари најевтините, се до ВИП Пакети по цена од 12.000 денари со вклучена резервација на висока маса, ваучер за пијалок од 6.000 денари и 4 ВИП карти.
Концертот на Саша Ковачевиќ пак, ќе биде бесплатен. Истиот започнува во 20 часот, во Дајмонд Мол, и со него ќе се одбележи една година од отворањето на молот. Минатата недела тој исто така гостуваше во Македонија и пееше на Питијадата во Велес, каде собра илјадници посетители од сите краеви.