Изречени се и седум мерки за користење мобилен телефон за време на возење
Санкционирани се 143 возачи во Скопје во текот на вчерашниот ден, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 21 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за непрописно престигнување и обиколување.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од Министерство за внатрешни работи, од каде штон апелираа до граѓаните да ги почитуват сообраќајните правила и прописи.