Home » Санчез: Цела Шпанија плаче, бројот на жртвите од поплавите надмина 70

Санчез: Цела Шпанија плаче, бројот на жртвите од поплавите надмина 70

by Журнал.мк

Бројот на загинати од силните поплави во Шпанија попладнево се зголеми на најмалку 72, соопштија локалните власти, откако бурите оставија големи делови од земјата под вода, јави ДПА.

Премиерот Педро Санчез вети брза помош за погодените од катастрофата, нудејќи ги „сите расположливи средства“.

-Нема да ве оставиме, рече Санчез, додавајќи дека „цела Шпанија плаче со вас“, пренесе германската агенција.

Регионалната влада потврди дека најмалку 70 луѓе загинаа само во најтешко погодениот источен регион Валенсија.

Уште две тела беа пронајдени во соседниот регион Кастиља-Ла Манча, а десетици луѓе се уште се водат за исчезнати.

Метеоролошката служба АЕМЕТ соопшти дека ситуацијата во Шпанија нема целосно да се олесни до утре.

Поради поплавените или блокирани патишта, пренесува ДПА, спасувачите водат тешка борба да стигнат до областите погодени од катастрофата.

-Од тие причини, во Валенсија, голем дел од хуманитарната работа се изведува со хеликоптер, изјави Хозе Мигел Басет од противпожарната бригада на Валенсија.

Многу луѓе се заробени во куќи, канцеларии или трговски центри и упатија итни повици на социјалните мрежи. Многумина се јавуваат и во медиумите бидејќи не можат да контактираат со пријатели и роднините.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk