Home » Samsung создава бесконечни можности за спортистите и навивачите на летните Олимписките игри во Париз во 2024 година со својата официјална порака „Отворениот ум секогаш победува“

Samsung создава бесконечни можности за спортистите и навивачите на летните Олимписките игри во Париз во 2024 година со својата официјална порака „Отворениот ум секогаш победува“

by Журнал

Samsung Electronics Co., Ltd., светски олимписки и параолимписки партнер, денес ја објави својата официјална тема за Олимписките и Параолимписките игри во Париз во 2024 година – „Отворениот ум секогаш победува.“ Пораката го артикулира верувањето на Samsung дека со отворен ум, секое ново искуство станува значајно достигнување што отвора нови перспективи и бесконечни можности. Оваа порака ќе биде срцето на програмата на Samsung за Олимпијадата во Париз во 2024 година и ќе биде оживеана преку нејзините различни активации до и за време на игрите, но и преку извонредните спортисти-амбасадори на тимот на Samsung Galaxy, кои исто така беа објавени денеска.

„Samsung се залага за олимпискиот дух и овозможува значајна поврзаност уште од Олимписките игри во 1988 година“, рече Стефани Чои (Stephanie Choi), EVP и раководител на одделот за маркетинг на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „За време на Олимпијадата во Париз, најновата иновација и технологија на Samsung ќе го поддржи одржувањето на игрите и ќе помогне да се исполни ветувањето дека ќе бидат најотворените игри досега. Пораката на брендот „Отворениот ум секогаш победува“ го одразува ова усогласување на вредностите и ќе биде прикажана во текот на програмите на Samsung за време на Олимпијадата во Париз“.

Тимот на Samsung Galaxy ќе биде основниот глас на пораката „Отворениот ум секогаш победува“ и преку споделување на нивните патувања, тие ќе покажат како Samsung им помага на спортистите и обожавателите да се отворат за нови можности преку своите технологии. Секој спортист од тимот на Samsung Galaxy, кој ги вклучува британската ѕвезда во скејтбординг и долгогодишниот амбасадор на брендот Скај Браун (Sky Brown), знае од прва рака дека отворениот начин на размислување води до победа во спортот и воопшто.

 

 

„Samsung го подигнува искуството на Олимписките и Параолимписките игри и ги поддржува спортистите речиси четири децении“, рече Тони Естанге (Tony Estanguet), претседател на Олимијадата во Париз. „Сакајќи да создадеме „Отворени игри“, ние знаеме дека длабоко вкоренетото верување на Samsung во отвореноста и неговата иновативна мобилна технологија ќе имаат централна улога на Олимијадата во Париз. Заедно, гордо ќе се ангажираме, инспирираме и ќе ги унапредуваме Олимписките и Параолимписките игри за спортистите и навивачите подеднакво“.

Тинмот на Samsung Galaxy за Олимписките игри во Париз

За Олимпиијадата во Париз, тимот на Samsung Galaxy е составен од над 25 олимпијци и параолимпијци, вклучувајќи ги британскиот скејтбордер Скај Браун (Sky Brown), шпанската шампионка во бадминтон Каролина Марин (Carolina Marin), францускиот херој во скејтбординг Орелиен Жиро (Aurélien Giraud), американската „б-девојка“[1] Грејс „Сани“ Чои (Grace “Sunny” Choi), германскиот пара спринтер Јоханес Флорс (Johannes Floors), јужнокорејската фудбалска икона Сон Хеунг-мин (Son Heung-min) и многу други. Во тимот има неколку спортисти од некои од најновите спортови на игрите: скејтбординг, сурфање и брејкденс, кои, како и Samsung, ги споделуваат основните вредности на отворен ум и самоизразување.

„Горди сме што го поддржуваме овој неверојатен тим на спортисти и им посакуваме добредојде во семејството на Samsung“, додаде Стефани Чои (Stephanie Choi). „Не само што ги инспирираат луѓето на и вон теренот, туку имаат и влијание врз нивните заедници и следните генерации. Заедно со тимот на Samsung Galaxy, воодушевени сме што можеме да ги охрабриме фановите ширум светот да се отворат за нови можности во нивниот секојдневен живот“.

Во тимот е вклучена и 15-годишната скејтбордерка Рејса Леал (Rayssa Leal), која стана најмладата Бразилка што некогаш учествувала на Олимписките игри кога го освои среброто во Токио во 2020 година; Јери Ким (Yeri Kim), „безграничната“ јужнокорејска б-девојка, која го надмина оштетувањето на слухот за да се искачи на врвот на нејзиниот спорт; Џегер Итон (Jagger Eaton) од САД, кој ја застапува културата на слободоумност во скејтбордингот; сурферите Јохане Дефеј (Johanne Defay) од Франција, Џон Џон Флоренс (John John Florence ) од САД и Џек Робинсон (Jack Robinson) од Австралија, кои не само што се жестоки конкуренти на брановите, туку и жестоки поборници за океанот и климата; и параолимпијците Медисон де Розарио (Madison de Rozario) од Австралија и Уго Дидие (Ugo Didier) од Франција, кои ги користат нивните платформи за да ја поттикнат пристапноста и инклузивноста во спортот и општеството.

 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More