Home » Samsung наводно се интересира за купување на бизнисот со мрежна опрема за мобилните на Nokia

Samsung наводно се интересира за купување на бизнисот со мрежна опрема за мобилните на Nokia

by Lina Muslija

Според информации кои ги пушти Bloomberg, Samsung покажува интерес за купување на бизнисот со мрежна опрема за мобилните на Nokia. Кратко кажано, по продажбата на бизнисот со мобилни, Nokia сега е можно да продаде уште еден од најголемите бизниси кои го прават овој бренд тоа што е.

Засега нема повеќе информации покрај тоа дека Nokia не успева доволно да им конкурира на Huawei и Ericsson, па затоа и се размислува за продажба на овој дел од компанијата.

Samsung не се „неискусни“ на овој план, тие веќе имаат дел во компанијата кој работи со мрежна инфраструктура кој држи околу 6% од пазарот, па со купувањето на Nokia тие би добиле пазарен удел од околу 25%.

Во ваков случај Samsung ќе стане еден од најголемите играчи на овој пазар и директно ќе почне да им конкурира на Huawei и Ericsson.

Nokia како компанија постои уште од 1865 година, а на нас ни беа најпознати по нивните мобилни телефони пред претставувањето на iPhone и промената на пазарот целосно. Подоцна овој бизнис Nokia го продаде на Microsoft кои кратко кажано успеаја целосно да го уништат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More