Корејските медиуми наведуваат дека Samsung ќе ја претстави новата Galaxy S25 флегшип серија на 23. јануари 2025 година на Unpacked настанот во Сан Франциско.
Според најновите информации, претходните тврдења дека Samsung S25 серијата ќе дебитира порано се демантирани. Корејскиот медиум The Financial News цитира извори запознаени со ситуацијата, кои наведуваат дека Samsung планира да го одржи настанот Galaxy Unpacked 2025 во Сан Франциско, на 23 јануари 2025 година, каде официјално ќе ја претстави новата серија Galaxy S25.
Особено интересна е информацијата дека ултра-тенкиот модел S25 Slim е во завршна фаза на развој и би можел да биде претставен како изненадување, заедно со другите модели (S25, S25+ и S25 Ultra).
Последните гласини укажуваат дека Apple планира да претстави ултра-тенок модел iPhone 17 Slim (или iPhone 17 Air) во втората половина од следната година, додека Samsung ќе му конкурира со Galaxy S25 Slim моделот кој првично се очекуваше во април. Сепак, според корејските медиуми, S25 Slim би можел да дебитира значително порано, односно на Galaxy Unpacked настанот на почетокот на 2025 година.
Важно е да се напомене дека друг инсајдер, Max Jambor го наведува 22 јануари како датум на претставување. Разликата во датумите може да биде резултат на временската зона. Дополнително, тековните информации покажуваат дека, поради ниската стапка на продукција на 3nm процес на Samsung, сите верзии од S25 серијата глобално ќе користат Qualcomm Snapdragon 8 Elite процесори и нема да го користат Samsung Exynos 2500.
Пазарните аналитичари веруваат дека, иако серијата S24 постигна добри резултати во продажбата, моделите Z Fold6 и Z Flip6 претставени во втората половина од годината, не го постигнаа очекуваниот успех. Затоа, претстојната серија S25 е од големо значење за Samsung.