13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Samsung го претстави Galaxy Chromebook 2 со пониска цена и QLED екран (ВИДЕО)

Најчитани вести

Во текот на CES 2021 саемот, Samsung го претстави новиот Galaxy Chromebook 2. Лаптопот има почетна цена од 550 долари (во споредба со моделот од првата генерација, кој чинеше 999 долари).

Наместо 4K OLED панел, новиот Chromebook сега користи 13,3-инчен 1920 x 1080 QLED дисплеј. Ова е и првиот Chromebook со quantum dot панел. Бидејќи користи QLED, лаптопот треба да понуди подолго траење на батеријата во однос на претходникот.

Galaxy Chromebook 2 нуди повеќе опции за хардвер. Тука е основниот модел со Intel Celeron 5205U чипсет, 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање, додека за 150 долари повеќе добивате Intel Core i3 процесор од 10. генерација и 8 GB RAM.

Останатите разлики во однос на претходниот Galaxy Chromebook ја вклучуваат новата Smart Amp опција за подобрување на звукот, поддршка за WiFi 6, а Samsung ја отстрани секундарната камера од тастатурата. Иако дисплејот поддржува внес со паметното пенкало, новиот Chromebook не доаѓа во комплет со S-Pen пенкалото како претходникот.

Samsung Galaxy Chromebook 2 ќе биде достапен во текот на првиот квартал од оваа година, во црвена и сребрена верзија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести