Galaxy Watch серијата е стара речиси една година, што значи дека Samsung наскоро ќе ја обнови со нови модели..
Познати како Galaxy Watch Active 2, новите модели ќе изгледаат речиси исто со нивните претходници. На предниот дел ќе се наоѓа истиот дисплеј со минимални рамки околу него, како и алуминиумска конструкција. Од друга страна, овој пат часовникот доаѓа со неколку мали, но значителни промени кои ќе го направат директен конкурент на Apple Watch.
Како што може да се забележи на фотографиите, еден од уредите ќе има црвена рамка околу Powеr копчето. Иако на прв поглед изгледа како да нема значење, целта на црвената боја е полесно да се разликуваат LTE од WiFi моделот – исто како кај Apple Watch.

Покрај оваа мала промена во дизајнот, Samsung има направено и неколку внатрешни промени, особено фокусирајќи се на фитнесот и здравјето на корисниците. Повторно слично како Apple, Watch Active 2 ќе доаѓа со ECG. Целта на оваа апликација ќе биде да забележи доколку пулсот на сопственикот е променет – побрз или поспор од нормално. Истотака, ќе има и Fall Detection. Оваа функција, како што кажува самото име, ќе може да забележи доколку корисникот падне или се сопне.

Претставувањето на Galaxy Watch Active 2 го очекуваме на 7 август, истовремено со Note 10 уредите.