0 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

Samsung Galaxy S11 ќе има камера од 108 мегапиксели и 5X телефото зум

Најчитани вести

Веќе одамна кружат гласини за спецификациите на новиот Samsung Galaxy S11 кој ќе пристигне во 2020. година, а според најновите информации, смартфонот ќе има камера од 108 мегапиксели, пишува Bloomberg.

Galaxy S11 исто така ќе има и Time-of-Flight sensor (ToF) камера, како Galaxy Note 10 Plus. ТоF сензорот емитира определена количина на светлина на површината на оддалечените објекти и определува колку време треба за да се врати светлината од објектите назад. На тој начин може да се определи различна оддалеченост на различни објекти во однос на ToF камерата.

Samsung наводно планира камерата да има 108 мегапиксели и оптичкиот зум од 5X да го користи на својот нов флексибилен телефон, кој би можел да биде претставен во февруари, 2020. година.

Сепак, 108-мегапикселниот сензор на Samsung ќе го користат и другите производители. Футуристичкиот Mi Mix Alpha ќе го користи истиот сензор на својата камера, а веќе е достапен на Mi Note 10.

Покрај Galaxy S11, Samsung ќе го претстави и моделот Galaxy S11e кој би требало да има малку поголем екран.

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести